Две години ангажман на управување со станбени згради

Хабидом ДООЕЛ Скопје, друштво за управување со станбени згради основано од Хабитат Македонија како дел од деловниот план 2016-2018 година стреми кон подобрување на квалитетот на услугите во областа на управување и одржување на станбени згради

Во текот на септември 2017 година Хабитат Македонија одбележа важен датум: 2 години успешна работа на Хабидом ДООЕЛ Скопје. Oсновано во jули 2015 година, со лиценца издадена од Регулаторнaта комисија за домување на Република Македонија само 2 месеци подоцна, друштвото веднаш започна со вршење на управувачки услуги: редовно тековно и инвестиционо одржување на станбени згради.

Во двегодишното работење на Хабидом склучени се договори за управување со 70 станбени згради на територија на градот Скопје, со вкупно 1710 станбени единици. Управуваните станбени згради се лоцирани во 8 општини на територијата на Скопје: општина Аеродром (22 станбени згради), Карпош (19 станбени згради), Центар (7 станбени згради), Чаир (7 станбени згради), Кисела Вода (7 станбени згради), Ѓорче Петров (5 станбени згради), Бутел (2 станбени згради) и Гази Баба (1 станбена зграда).

Како друштво за управување, покрај на тековното одржување на станбените згради, Хабидом е фокусиран на подобрување на квалитетот на колективното домување, преку својот сеопфатен иновативен пристап, висока посветеност, постојана директна комуникација и соработка со сопствениците, теренска присутност и постојан увид на проблемите во станбените згради, како и унапредување на капацитетите во насока на имплементација на мерки за енергетска ефикасност. Услугите вклучуваат и поволни можности за плаќање за тековното и инвестиционо одржување во станбените згради. Согласно деловниот план, следна цел на Хабидом е проширување на портфолиото на управувани станбени згради во други општини во Македонија.